Шампионот ќе се обиде да ја продолжи серијата

02.05.2014 11:46

Куманово е следниот противник на МЗТ Скопје Аеродром, во обидот на првакот да остане непоразен на 17 натпревари во низа, во македонските кошаркарски натпреварувања.
 
МЗТ е единствената екипа што има 6 победи по 6 натпревари, додека Куманово со триумфот против Лирија во претходната рунда забележа 3 победи и 3 порази и се издвои од групата што се бори за третата позиција на табелата. МЗТ во полуфиналето ќе вкрстува со четвртопласираната екипа на табелата и сите сакаат да ја избегнат таа позиција.
 
Кумановци се покажаа како најнезгодниот противник сезонава, задавајќи му на МЗТ Скопје најголеми проблеми во првите 5 натпревари од Супер лигата во кошарка. Првиот натпревар во Куманово, заврши 76:77, но актуелниот шампион во текот на целиот натпревар имаше проблеми со расположените кошаркари на домаќинот, особено Мандиќ и Луковиќ.
 
Сепак овој натпревар ќе биде сосема поинаква епизода, се игра на теренот на Аеродромци во СЦ Борис Трајковски. Преносот од мечот е во 21 часот.