Скопје

„Пивтијада 2023“ во Гази Баба

19.01.2023 16:30

Традиционално за Водици, „Пивтијада“ на плоштадот во скопска Автокоманда. Посетителите имаа можност да вкусат пивтија по традиционален рецепт …

Хуманитарците и годинава не се штедеа. Ја продолжија традицијата со пивтија за Богојавление-Водици. Традиционален рецепт кој се пренесува од генерација на генерација. Се натпреваруваа кој ќе направи поубава пивтија. Покрај пифтијата имаше и пити и погачи, а се е делеше и топол чај.

Откако утрото го поминаа во црква, попладнето граѓани празнуваа на плоштадот во Автокоманда. Купија пивтија и наздравија за здравје и бериќет.

Пивтијата е традиција во Гази Баба. Се одржа по 13-ти пат. Манифестацијата збогатена и со културно-уметничка програма.

Наташа Гркова Петрушевска