Ракометарите со убедлива победа против Алжир

19.01.2023 18:15

По трите убедливи порази во Ф-групата, избраниците на селекторот Кирил Лазаров, денес одиграа добар натпревар без оглед на противникот кој не е на ниво на Норвешка, Холандија или Аргентина. Кај македонските ракометари видлива беше желбата за добар резултат и одлучноста да се покаже дека во овој тим сепак има потенцијал за повисок дострел.

Македонската ракометна репрезентација со победа ги почна настапите во Президент купот, на Светското првенство 2023. Попладнево во Плоцк совладан е Алжир со 40:25. Ова беше прв натпревар за „црвено-жолтите” во Групата-2 за пласман од 25 – 32. место.

По трите убедливи порази во Ф-групата, избраниците на селекторот Кирил Лазаров, денес одиграа добар натпревар без оглед на противникот кој не е на ниво на Норвешка, Холандија или Аргентина. Кај македонските ракометари видлива беше желбата за добар резултат и одлучноста да се покаже дека во овој тим сепак има потенцијал за повисок дострел.

Најефикасни во победничкиот состав со по седум голови беа Дејан Манасков и Жарко Пешевски.