Вонредна состојба во повеќе градови низ Србија поради поројните дождови
Поради поројните дождови вонредна состојба е прогласена во Пријепоље, Сјеница и Нови Пазар, се излеаја реки и во Драгачево, Чачак и Тутин.
Три лица паднаа во надојдената река Трнавица во Нови Пазар. Спасувачите извлекле едно лице од реката, додека потрагата по две се уште трае. Тројцата мажи паднале кога граделе брани на реката Трнавица со цел да ги спасат домовите.
Поради поројните дождови вонредна состојба е прогласена во Пријепоље, Сјеница и Нови Пазар, се излеаја реки и во Драгачево, Чачак и Тутин.
Како последица на обилните врнежи кои траат повеќе од 15 часа на северот на Косово, реката Ибар се излеа во близина на главниот мост во северна Косовска Митровица.
Во општина Звечан се излеаја потоци и реки, а поплавени се повеќе од 50 куќи. Ангажирани сите тимови, но надлежните служби не можат се да постигнат бидејќи постојано добиваат нови пријави од граѓаните.
