Временска прогноза
Променливо облачно со врнежи од дожд
20.01.2023 08:18
На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец...

Времето денеска ќе променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до 12 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските и претпладневните часови. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.
