МВР
Казнети 68 возачи во Скопје
20.01.2023 08:51
На територија на град Скопје изречени се вкупно 68 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, осум за возење под дејство на алкохол...

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден, продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 68 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, осум за возење под дејство на алкохол.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта.
