Македонија

Во Охрид се одбележува Денот на рибарите

20.01.2023 09:13

Манифестацијата ќе се одржува во месноста Сараиште, каде некогаш рибарите покажувале колку риба уловиле.

Во Охрид денеска, на верскиот празник Св. Јован Крстител, традиционално ќе биде одбележан Денот на рибарите.

Манифестацијата ќе се одржува во месноста Сараиште, каде некогаш рибарите покажувале колку риба уловиле.

Според кажувањата на старите жители на градот, рибарите се капеле на овој ден за да ја покажат нивната приврзаност кон езерото. За посетителите и за гостите се подготвува рибја чорба.