Партии

СДСМ: Издишаа лагите на Мицкоски за распуштање на Собранието

20.01.2023 09:30

Дојде крај на јануари, а нема ништо од неговите најави, нема распуштање на Собранието. Ниту има, ниту ќе има распуштање на Собранието, ниту пак има притисоци врз пратеници...

Издишаа лагите на Мицкоски дека на крај на јануари ќе собере 61 пратеник и ќе се случи распуштање на Собранието, соопштуваат од СДСМ.

Дојде крај на јануари, а нема ништо од неговите најави, нема распуштање на Собранието. Ниту има, ниту ќе има распуштање на Собранието, ниту пак има притисоци врз пратеници. Мицкоски, исплашен за својата фотелја во Белиот дворец, се заплетка во сопствените лаги- нагласуваат од партијата.