Перу

Антивладини протести во Перу

20.01.2023 09:46

Илјадници луѓе од целата земја влегоа во Лима на почетокот на неделата за да учествуваат на масовниот марш барајќи оставка од претседателката Дина Болуарте...

Судири меѓу демонстрантите и полицијата во Перу. Вчера на маршот наведен како „преземање на Лима“ граѓаните ги продолжија антивладините протести. Илјадници луѓе од целата земја влегоа во Лима на почетокот на неделата за да учествуваат на масовниот марш барајќи оставка од претседателката Дина Болуарте по речиси шестнеделните превирања во кои загинаа повеќе од 50 луѓе, меѓу кои еден полицаец.

Во телевизиското обраќање доцна во ноќта, Болуарте рече дека полицијата ги ставила протестите под контрола и дека одговорните за насилство и вандализам нема да останат неказнети.