УКРАИНА

САД со нов пакет воена помош за Украина

20.01.2023 09:51

Воена помош за Украина од 2,5 милијарди долари, која вклучува стотици оклопни возила од различни типови, но не и тешки тенкови Абрамс...

Продолжуваат руските напади низ неколку градови во Украина. Според претседателот Зеленски, најважен елемент на победата се тенковите. САД со нов пакет воена помош за земјата од 2,5 милијарди долари, кој вклучува стотици оклопни возила од различни типови, но не и тешки тенкови Абрамс. Вкупната вредност на американската воена помош за Украина од почетокот на руската инвазија се зголемува на 26,7 милијарди долари.

„Им благодарам на сите кои веќе донесоа соодветни одлуки. Додека се подготвуваме за редовната координативна средба на западните сојузници на Украина, очекуваме силни одлуки“, изјави украинскиот претседател Володомир Зеленски.

Во американската воздухопловна база во Рамштајн, Германија, состанок на министрите за одбрана на главните земји кои воено и помагаат на Украина во одбраната од руската инвазија и на САД, кои ќе ги претставува министерот Лојд Остин.