КИНА
Корона вирусот беснее во Кина
20.01.2023 09:52
Во неделниот извештај на Светската здравствена организација за 70 насто е зголемен бројот на нови инфекции...

Кина со најголем скок на бројот на хоспитализирани поради Ковид-19. Во неделниот извештај на Светската здравствена организација за 70 насто е зголемен бројот на нови инфекции. Бројот на хоспитализирани лица се искачи на 63.307, се вели во извештајот заснован на податоците обезбедени од Пекинг.
По укинувањето на мерките, коронавирусот почна брзо да се шири низ Кина, која има популација од 1,4 милијарди, а државата престана да објавува дневни извештаи за бројот на заразени лица.
