МВР

Санкционирани 193 возачи за брзо возење низ државава

20.01.2023 10:30

Од нив 21 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а 3 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина...

Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 193 возачи.

Од нив 21 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а 3 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 38 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 155 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта, соопштуваат од МВР.