Руфи Османи се повлече од лидерската позиција во НДП

02.05.2014 12:02

Претседателот на Националната демократска преродба (НДП), Руфи Османи  поднесе оставка на раководната функција во партијата.

Покрај Османи, оставки поднесоа и  секретарот  на НДП, Изет Зеќири, како и потпретседателите Артан Дика и Гиктен Хазири. Досегашното раководство на НДП ќе продолжи  со политичката активност во структурите на партијата.

Оставките се поднесени на Централното Собрание на НДП, кое се одржа вчера вечер  во Гостивар.

Имајќи морална и менаџерска одговорност за неисполнување на националните и политички цели, на врвот на НДП и во функција за можност на нови млади кадри и унапредување на политичката активност на НДП, се поднесуваат оставки од партиско- раководните позиции, се наведува во образложението, иако изборните резултати не се признаваат, а изборите се оценети како недемократски.

Централното собрание го наведе Привремениот совет кој ќе управува со НДП во состав: Зенун Исмаили, Весел Мемеди и Бинас Пајазити.