Временските прилики главен фактор кој влијае врз квалитетот на воздухот
Еден индустриски град како Скопје, со мерна станица близу Железара и уште една кај најфреквентна крстосница, имаат скоро еднаков број на денови со дозволено загадување како Берово, и како Битола во индустрискиот дел. Митовите дека места како Берово дишат многу повеќе денови на дозволено загаден воздух од одредени реони во големите индустриски градови со густ сообраќај се рушат, се вели во соопштението.

Временските прилики продолжуваат да се главниот фактор кој влијае врз квалитетот на воздухот во земјава, соопштуваат од О2 Иницијативата по направената анализа на податоците за присуството на ПМ10 и ПМ2,5 загадувачки честички од сите мерни станици за декември, компарирано низ минатите години.
Во Берово минатиот месец имало само еден ден со чист воздух, а Прилеп, Гостивар, Кичево, Тетово, Струмица, Гевгелија немале ниту еден ден воздух без ПМ2,5 честички. Мерните места со најголем број на денови со чист воздух за ПМ 2,5 се Битола 1 (недостасуваат мерења за повеќе денови) и Миладиновци. Мерната станица Битола 1 се наоѓа на периферијата на Битола во близина на мали индустрии за производство на храна и пијалаци, на оддалеченост од 13 километри од РЕК Битола. Овие податоци го уриваат митот дека Битола е најзагаден град поради РЕК Битола, се наведува во соопштението.
Во однос на ПМ10 честичките, во Скопје и Тетово повеќе ги нема високите дневни концентрации со над 500, 600, 700, 800, 900 микрограми на кубен метар, кои беа резултат на големата индустрија која работеше без филтри, како Макстил и Југохроми.
Еден индустриски град како Скопје, со мерна станица близу Железара и уште една кај најфреквентна крстосница, имаат скоро еднаков број на денови со дозволено загадување како Берово, и како Битола во индустрискиот дел. Митовите дека места како Берово дишат многу повеќе денови на дозволено загаден воздух од одредени реони во големите индустриски градови со густ сообраќај се рушат, се вели во соопштението.
Без менување на начинот на греење и без поставување на построги индустриски стандарди, особено во градови како Скопје каде поради обемот на индустријата во самиот град потребно е користење на гас во производните процеси, секаде каде тоа го овозможуваат најдобрите достапни технологии, како и забрана за другите горива, без регулација на сообраќајот, искоренување на појавата на палење на отворено (стрништа и различен отпад), без контрола на градежните работи и градежната прашина, но и прашината од незазеленети површини и валканите улици што ветерот ја дисперзира во воздухот, нема да имаме воздух чист за ПМ10 и за ПМ2,5, не само во зимските месеци, туку и во текот на целата година, се наведува во соопштението од Иницијативата.
