Политика

Средба Таравари – Агелер

20.01.2023 11:25

Арбен Таравари на средба со американската амбасадорка Агелер. Ќе се консултира дали партијата ќе стане дел од владината коалиција...

Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари на средба со американската амбасадорка Агелер. Ќе се консултира дали партијата ќе стане дел од владината коалиција. Конечната одлуката ќе ја носи утре Централното претседателство.

Според партиски информации, најмногу за една недела ќе биде познато сè. Треба да бидат дефинирани и барањата за кадровските решенија, односно кои од ресорите ќе ги побара Алијанса за Албанците. На влезот на партијата на Таравари во Владата, се спротивставува „Огнената група“ во ДУИ, но и Алтернатива и Демократски сојуз. Од партијата на Африм Гаши децидни, нема отстапки ниту за еден од своите ресори на Алијанса за Албанците.

За Демократски сојуз тоа било спротивно на Уставот и Охридскиот договор за правична застапеност, што може да предизвика меѓуетнички проблеми.