Зоран Заев : Не давам оставка!

02.05.2014 12:08

"Оставка не давам. Во никој случај не размислувам за оставка, зашто на чело на партијата сум само 10 месеци", рекол пред присутните членови на Централниот одбор лидерот на СДСМ Зоран Заев, на маратонска седница, што траела до четири часот вчераутро.

По многу кавги, расправии, предлози за оставки на раководството на партијата, донесена е едногласна одлука освоените пратенички мандати да се вратат. Тие што добија гласови за пратеници, во Собранието воопшто нема да влезат. Одлуката на ЦО треба да биде потврдена на Конгресот на СДСМ на 11 мај.

"Несомнено оваа одлука ќе биде потврдена и на Конгресот, но неизвесно е што ќе донесе овој собир за раководството на партијата, бидејќи иако не масовно,  поединци членови на ЦО, како Митре Вељановски, Благоја Стојановски, Горан Минчев и Есад Рахиќ, побарале  Зоран Заев и потпретседателката Радмила Шеќеринска, да си поднесат оставка за изборниот неуспех. Дел од овие членови јасно најавиле дека овие 10 дена ќе лобираат во општинските организации на СДСМ, на двоецот Заев - Шеќеринска да им се изгласа недоверба на конгресот", велат некои од членовите на ЦО.

И Претседателскиот кандидат на СДСМ и на опозицијата Стево Пендаровски бил присутен на седницата и ги слушал дискусиите на членовите на ЦО, но не дискутирал. Него никој не го замешал во расправата. Седел до еден часот по полноќ и си заминал.