Планинарски марш до Водно за Европскиот ден на знамето

02.05.2014 12:14

Европскиот ден на знамето на 3 мај ќе се одбележи со планинарски марш до Водно, во организација на Европското движење на Република Македонија и Делегацијата на ЕУ. Поаѓањето е предвидено во 9 часот од пред седиштето на Делегацијата на Европската унија во Скопје.

Според програмата на Организацискиот одбор, на оваа локација се подигнуваат маици со логото на ЕУ и на Европското движење, по што се врши размена на знамињата на Република Македонија и на Европската унија. Оваа размена е традиционална и има симболично значење.

Потоа колона од учесници на манифестацијата ќе се упати кон врвот на Водно, каде ќе се постават двете знамиња. Освен церемонијалниот карактер, оваа манифестација има цел да го афирмира спортот и планинарските  активности, кои би требало во Македонија да бидат значително поразвиени, од тоа што се во овој момент, поради планинскиот карактер на нашата држава.