Променливо облачно со врнежи од дожд, на повисоките места снег
Во утринските часови во западните делови, врнежите ќе преминуваат во снег. Во југоисточните делови врнежите ќе бидат поројни.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег. Во утринските часови во западните делови, врнежите ќе преминуваат во снег. Во југоисточните делови врнежите ќе бидат поројни. Долж Повардарието повремено ќе дува засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 12 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Во повисоките делови од котлината, можно е врнежите да преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 9 степени.
