АМСМ

Врнежи од снег на Стража и Пресека

21.01.2023 08:52

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Врнежи од снег се бележат на планинските премини Пресека, Плетвар, Ѓавато, Буково, Стража, Маврово и Попова Шапка...

Поради врнежи од снег воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Пресека. Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Врнежи од снег се бележат на планинските премини Пресека, Плетвар, Ѓавато, Буково, Стража, Маврово и Попова Шапка.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони како што се делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.