мвр

На територија на СВР Битола санкционирани 51 возач

21.01.2023 09:14

Од нив, 38 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 13 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци...

Вчера, во периодот од 14.00 до 18.00 часот на територијата на СВР Битола, спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 51 возач. Од нив, 38 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 13 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, соопштуваат од МВР.