Масовните игри во поранешните комунистички земји преку уметноста на Неда Фирфова
Во младинскиот културен центар, младата ликовна авторка Неда Фирфова ни презентираше оригинален проект инспириран од масовните игри во поранешните комунистички земји. Конкретно, проектот се однесува на Албанија во времето на режимот на Енвер Хоџа.
Од каде потекнува оваа оригинална идеја?
Во младинскиот културен центар, младата ликовна авторка Неда Фирфова ни презентираше оригинален проект инспириран од масовните игри во поранешните комунистички земји. Конкретно, проектот се однесува на Албанија во времето на режимот на Енвер Хоџа.
Од каде потекнува оваа оригинална идеја?
Во Албанија бев уметник во резиденција, во 2012 година. Поточно бев во Институтот за современи уметности во Тирана кој што беше некаква структура или основа која што ми помагаше околу истражувањето на позадината на масовните игри што се одржувале на стадионот во Тирана.
Која била функцијата на тие елементи?
Едно од првите сознанија околу моето истражување беа позадините на масовните игри формирани од некакви картони кои најверојатно биле двострани и содржеле повеќе бои кои формирале заедничка слика. Меѓутоа, моето истражување во архивите покажа дека не се работело за картони туку за книги кои биле програмирани да ги направат сите слики во текот на слетот.
Постои информација дека овие книги потекнуваат од Кина во времето кога Албанија соработувала со оваа земја. Дали тие книги и денес се користат на слетовите во некои од последните бастиони на комунизмот?
Да, книгите се изработени во Кина во времето кога овие две земји соработувале. Тоа беше мое сознание од Албанија.Точно е, ваквите обработени објекти се изработуваат во Азија и познатое е дека сеуште се користат во севернокорејските слетови што се нарекуваат ариранг.Засега, немам други сознанија.
Дали во Тирана имавте средби со некои од учесниците на овие масовни игри и кои беа нивните одговори и искази во врска со книгите?
Во архивите во Албанија не можев да најдам вистински артефакт од овие книги и затоа решив како свој уметнички проект да започнам да ги изработувам тие книги. Но морав претходно да стигнам до некаква информација, макар таа да била и шпекулација или само сеќавање за вистинските објекти. Разговарав со неколку учесници во масовните игри и тие имаа сеќавања за овие игри. Така започнав со изработка на овие книги.
Дали тоа значи дека сите овие книги исчезнале, биле спалени или уништени?
Претпоставките се дека книгите се уништени. Впрочем, се што е изработено на хартија, многу лесно може да исчезне. Тие вистински книги сепак се некаков артефакт за да се запознаеме со позадината на масовните игри. Ние тука зборуваме за некоја заборавена форма на некаков источен модернизам.
Неда Фирфова дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Магистерски и докторски студии завршила во Јапонија. Нејзина главна преокупација е печатениот медиум како симбол на вистинитост во дигиталната ера, а новите медиуми како алатка за пренесување на печатената информација.
Лидија Мешкова
(Интервјуто е дел од емисијата за култура „Витраж“)
