Битола

Реновираниот Офицерски дом, најпровокативна битолска културна институција за минатата година

21.01.2023 10:56

Реновираниот Офицерски дом и новото мини кино посветено на браќата Манаки како составен дел од битолскиот „Културно Информативен Центар“. Во минатата година беа најпровокативните културни институции за настап на уметниците од земјава и странство. За последните десет месеци регистрирани се над 370 настани на кои присуствувале околу 65.000 посетители...

За некогашниот Офицерски дом, повозрасните битолчани без размислување ќе ви речат објект од големо историско значење и дел од нашата младост. По реновирањето за новиве генерации тоа е куќа или палата на културата. И покрај повеќето културни институции статистиката вели дека е најпровокативен за културните работници.

Надворешниот изглед, огромниот подиум а пред сè внатрешната уреденост на салите со познатата акустичност, се привилегија не само за врвните уметници, туку и оние кои ја стекнуваат музичката наобразба. На некои забелешки за преголемата искористеност од „КИЦ“, велат дека сето тоа е наменски во рамките на основната дејност и се она друго што е зацртано.

Ако тука главно одекнуваат музичките звуци, во новото кино посветено на браќата Манаки веќе се прикажани над осумдесет кино проекции како и фестивалски вечери посветени на филмови од други земји.

Инаку е објект кој носи и низа локални политички препукувања. Кој колку придонел сам си знае, она што е најбитно е дека значајното од минатото во Битола носи нови културни вредности.

 

Стевче Митревски