Енергетика

Произведени 16.048 MWh електрична енергија, целосно задоволени домаќинствата и дополнителните снабдувања

21.01.2023 12:00

Целосно со сопствена произведена енергија задоволени се потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти...

АД ЕСМ вчера произведе 16.048 MWh електрична енергија, со што целосно со сопствена произведена енергија ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти.

Во Термоелектраните произведени се 13.274 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 2.774 MWh.