Стратегија за отвореност на музеите во Прилеп
Десетина музеи и поставки во Прилеп чекаат маркетиншко претставување и водичи да ги раскажат приказните за македонските културно-историски придобивки пред посетителите. Прилепскиот Музеј почна со обемна стратегија за отвореност на музеите и поставките...

Околу 4.000 посетители, од кои неколку стотини од странство ги посетиле 10-тината прилепски музеи и поставки во шест месеци. Прилепскиот Завод и музеј ја развива стратегијата да ги раскаже историско-културните и социјални приказни преку етнолошката, археолошката, музичката поставка, преку Музејот за тутун, Галеријата на икони, Могилата на непобедените, Меморијалниот музеј „11 Октомври“. Се работи напорно да се претстави културното богатство.
Граѓаните признаваат дека доволно не си го познаваме наследството, а гостите, укажуваат на континуитет на културно-историските вредности.
„Можеме да кажеме дека овде историјата многу е зачувана и тоа многу ни се допаѓа како понатаму се чува таа традиција. Доаѓаме од Сомбор, Србија, преку ЕРАЗМУС + програмата“, изјавија дел од посетителите.
На музејот му требаат водичи и раскажувачи на приказните.
На културно-историските придобивки неопходни им се маркетингот и претставувањето пред домашната и странска јавност.
Елизабета Митреска
