Фудбал

Севиља во облаци, Бенфика пред нов испит во финалето

02.05.2014 12:55

Стресните полуфинални битки! Ги  преживеаја Бенфика и Севиља и се пласираа во финалето од Лигата на Европа. И на „Јувентус стадионот“ и на „Местаља“ решаваа нијанси.На Јувентус му беше потребна победа од 1:0 за да ја елиминира Бенфика и да стане главен актер на финалниот спектакл пред своите навивачи. Но, голот на гостите остана голема мистерија за „Старата Дама“.Тренерот на Јувентус Антонио Конте по натпреварот, фрустриран изјави: „Имавме голем сон, но не успеавме да го оствариме.

Стресните полуфинални битки! Ги  преживеаја Бенфика и Севиља и се пласираа во финалето од Лигата на Европа. И на „Јувентус стадионот“ и на „Местаља“ решаваа нијанси.На Јувентус му беше потребна победа од 1:0 за да ја елиминира Бенфика и да стане главен актер на финалниот спектакл пред своите навивачи. Но, голот на гостите остана голема мистерија за „Старата Дама“.Тренерот на Јувентус Антонио Конте по натпреварот, фрустриран изјави: „Имавме голем сон, но не успеавме да го оствариме. Бенфика играше многу деструктивно, а судијата тоа го толерираше.Заслуживме многу повеќе, но таков е фудбалот.“ Жорге Жезус,стратегот на Бенфика очајнички посакуваше нова шанса за освојување на европски трофеј: „Го заслуживме финалето, бевме подобри во двата натпревара. Јувентус е добра екипа, но ние одигравме многу квалитетно особено во одбраната. Не беше лесно да се одбраниме со 9-мина играчи во завршницата.“

Полуфиналните синоќешни пресметки, сепак својата кулминација ја имаа имаа на „Местаља“.Севиља му се радува на пласманот во финалето. Неверојатно возбудлив беше текот на настаните во дуелите против Валенсија. Со капитал од 2:0 Севиља допатува на реваншот. Валенсија, со искуството зад себе од претходната рунда  против Базел кога минусот од 0:3 го претвори во победнички 5:0, дојде на праг на нов подвиг. Релативно лесно го скрши отпорот на Андалузијците и со капитални 3:0 со мислите веќе беше во финалето. Но, М,Бија во последните секунди предизвика неверување, шок и молк на стадионот. „Ова е најубавиот ден во мојот живот“ , изјави М,Бија по натпреварот.Севиља трет пат во клубската историја ќе е дел од финалето во Лигата на Европа. Се  специјализира  за освојување на пехарот: во 2006-та го совлада англискиот Мидлзборо, а во 2007-та  Еспањол.Бенфика втор пат едноподруго се пласира за финалето. Минатата  година во Амстердам во драматични околности беше поразена од Челзи. На 14 мај во Торино, „Орлите“ имаат нова шанса по 52 години во клубските витрини конечно да внесат еден  европски трофеј.