Куманово

АА сè уште ќе одлучува дали ќе влезат во Владата

21.01.2023 20:18

Алијанса за Албанците сè уште ќе одлучува дали ќе влезат во Владата. Партијата ќе формира комисија која во наредните две седмици треба да ја донесе конечната одлука. Таравари вели никаков фактор, ниту меѓународен, ниту домашен, не може да се меша во одлуките на партијата. На централното собрание беше назначено ново раководство на партијата. Меѓу новоназначените е и поранешниот лидер, Зијадин Села...

Алијанса за Албанците сè уште ќе одлучува дали ќе влезат во Владата. Партијата ќе формира комисија која во наредните две седмици треба да ја донесе конечната одлука. Таравари вели никаков фактор, ниту меѓународен, ниту домашен, не може да се меша во одлуките на партијата. На централното собрание беше назначено ново раководство на партијата. Меѓу новоназначените е и поранешниот лидер, Зијадин Села. Централното собрание на Алијанса за Албанците го овласти раководството да формира комисија, која во наредниот период треба да одлучи дали ќе влезат во Владата. Првиот човек на партијата, Таравари информираше дека дел од членовите дале зелено светло да ги покажат капацитетите за владеење, но имало и поделени мислења. Појасни дека воопшто не се зборувало за ресори кои би ги добиле нивните кадри.

„Беше плодна дискусија но за кадровски решенија воопшто не зборувавме, повеќе за програмскиот дел на што треба да внимава партијата доколку биде дел од Владата. Имавме предлог мерки за антикорупција и правна држава, да се донесе закони за ветинг на судии и обвинители“, истакна Арбен Таравари, лидер на Алијанса за Албанците.

Таравари рече и дека никаков фактор, ниту меѓународен, ниту домашен не може да се меша во одлуките на Алијанса за Албанците.

„Разговарано со сите, и е кажано дека европската агенда треба по секоја цена да се протурка, дека не треба да се брза со избори, дека и ние сме кажале дека и ако сме опозиција и ако сме во Влада ќе ги изгласаме уставните промени“, нагласи тој.

Алијанса за Албанците го избра и новото раководство на партијата. Назначени се секретари и потпретседатели. За претседател на Централното собрание на партијата е поставен поранешниот лидер, Зијадин Села.

Централното собрание следи еден месец откако на вонреден конгрес беше назначен за нов претседател Арбен Таравари, а Села поднесе оставка.

 

Елена Георгиевска