Слободни се десет осминафинални места
Осум екипи веќе обезбедија настап во нокаут фазата од Лигата на фудбалските шампиони. Во вечерашните натпревари од петтото коло од А - Де половината тоа може да го стори и Манчестер јунајтед доколку победи во Леверкузен на теренот на Баер. Англискиот тим има бод предност пред германскиот состав и со целосен успех ќе ги отстрани сите дилеми, иако во последната рунда ќе игра со уште еден ривал – Шахтјор.

Осум екипи веќе обезбедија настап во нокаут фазата од Лигата на фудбалските шампиони. Во вечерашните натпревари од петтото коло од А - Де половината тоа може да го стори и Манчестер јунајтед доколку победи во Леверкузен на теренот на Баер. Англискиот тим има бод предност пред германскиот состав и со целосен успех ќе ги отстрани сите дилеми, иако во последната рунда ќе игра со уште еден ривал – Шахтјор. Тимот од Доњецк вечерва е фаворит пред своја публика против Сосиедад, но за тоа какви ќе му бидат шансите да го повтори ланскиот резултат и да игра во осминафиналето, треба да ја чека разврската во Германија. Дури потоа ќе може да прави калкулации пред патувањето во Манчестер во завршното коло.
Дербито од вечерашната програма меѓу Баер и Манчестер ќе го гледате на Првиот програмски сервис на Македонската телевизија од 20 и 45. Половина час пред тоа ќе почне емисијата посветена на Лигата на шампионите во којашто гостин ќе биде нашиот фудбалски стратег Вујадин Станојковиќ.
Осминафиналисти во оваа сезона од елитната конкуренција веќе се: Реал, Баерн, Манчестер Сити, Челзи, Атлетико и Барселона.
***
Лига на шампионите, 5.коло, денеска
Група „А“
Баер – Манчестер Ј.
Шахтјор – Сосиедад
***
Група „Бе“
Реал Мадрид – Галатасарај
Јувентус – Копенхаген
***
Група „Це“
Пари Сен Жермен – Олимпијакос
Андерлехт – Бенфика
***
Група „Де“
ЦСКА – Баерн М.
Манчестер С. – Плзен
Тони Стојановски