временска прогноза
Сончево со умерена облачност
22.01.2023 08:51
Кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег...

Времето денес сончево со мала до умерена облачност. Наутро по котлините е можна појава на слаба магла. Кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од-4 до 1, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во ноќните часови ќе има повремен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 9 степени.
