Софија

Османи во посета на Софија

22.01.2023 09:09

Тој ќе се сретне со неговиот бугарски колега Николај Милков, при што заедно ќе го посетат повредениот македонски државјанин, кој беше физички нападнат во четврток во Охрид...

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ќе оствари работна посета на Софија. Тој ќе се сретне со неговиот бугарски колега Николај Милков, при што заедно ќе го посетат повредениот македонски државјанин, кој беше физички нападнат во четврток во Охрид, соопштија од МНР.

Посетата ќе биде искористена, како што информираат од МНР, за да се разменат мислења меѓу двајцата министри за инцидентот во Охрид, за зачестените провокации, како и за активностите на двете министерства за превенција и отпорност од сличните провокации.

Инцидентот го осудија претседателот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, како и нивните бугарски колеги, Румен Радев и Галаб Донев, а Делегацијата на ЕК во Скопје, побара од властите да го истражат случајот.