Француско-германски самит
Германскиот канцелар Шолц, францускиот претседател Макрон и членовите на владејачките мнозинства во двата парламента разговараат за Украина, економијата, енергетиката, одбраната и европската политика...

Министерски состанок меѓу Франција и Германија во Париз на 60-годишнината од Елисејскиот договор кој ги смири соседите и некогашните непријатели. Германскиот канцелар Шолц, францускиот претседател Макрон и членовите на владејачките мнозинства во двата парламента разговараат за Украина, економијата, енергетиката, одбраната и европската политика.
Состанокот кој беше планиран за октомври беше откажан, а Берлин, како причина, ја наведе потребата за понатамошна координација околу клучните прашања. Официјален Париз не очекува напредок околу испораката на тенкови за Киев.
