Перу
Мачу Пикчу е затворен за туристи поради протести
22.01.2023 10:39
Стотици луѓе во Перу се заглавени во подножјето на локацијата поради блокада на железницата која сообраќа до тврдината на Инките од 15 век на Андите...

Познатиот туристички локалитет Мачу Пикчу затворен на неодредено време поради антивладините протести. Стотици луѓе во Перу се заглавени во подножјето на локацијата поради блокада на железницата која сообраќа до тврдината на Инките од 15 век на Андите.
Протестите во Перу продолжија откако владата ја продолжи вонредната состојба во шест региони оваа недела, ограничувајќи ги некои граѓански права.
