Нов Зеланд

Хипкинс назначен за нов премиер

22.01.2023 10:45

„Ние сме најголемата мала земја во светот и јас го посветив мојот работен век на овој народ и подобрување на животот“, изјави Хипкинс, кој ја пофали работата на неговата претходничка Џасинда Ардерн...

Владејачката лабуристичка партија официјално го прогласи Крис Хипкинс за нов премиер на Нов Зеланд.

„Ние сме најголемата мала земја во светот и јас го посветив мојот работен век на овој народ и подобрување на животот“, изјави Хипкинс, кој ја пофали работата на неговата претходничка Џасинда Ардерн. Заклетва за преземање на мандатот како 41 премиер на Нов Зеланд ќе даде в среда.