Ескалира состoјбата во Украина
Ескалира состoјбата во Украина. Два пилота загинаа, голем број проруски сепаратисти се повредени во специјална воена операција која изутрината ја почна украинската војска против проруските трупи во градот Славјанск, упориште на сепаратистите. Медиумите јавуваат дека се турнати и два хеликоптера. Градот целосно е блокиран, железничкиот сообраќај е во прекин, а строго е контролиран излезот и влезот во градот... Официјална Москва ја осуди акцијата и посочи дека иако Русија прави напори да го почитува Женевскиот договор, Киев ја убил и последната надеж за решавање на кризата.

Ќе се борам на секој начин, ако немам оружје, тогаш ќе се борам со моите раце. Ќе се борам против луѓето кои сакаат да ме протераат од мојата земја.
Министерот за внатрешни работи Аваков, поради сериозноста на состојбата ги повика граѓаните да не излегуваат од домовите. Воени операции се подготвуваат и во градот Краматорск
Мора да правиме барикади за некако да се заштитиме.
Русија побара од ОБСЕ да превземе мерки за прекин на украинската операција. Поради тензиите во земјата привремениот претседател Турчинов синоќа воведе задолжителна воена регрутација. Кризата во Украина ќе биде главна тема и на денешната средба меѓу канцеларката Меркел и американскиот предтседател Обама во Вашингтон. Ова е прва средба на двајцата политичари од почетокот на кризата. Според проценките на границата на Украина се стационирани околу 40.000 руски војници, додека Украина е во борбена готовност.
Марија Петковска