ШВЕДСКА

Дански ултрадесничар запали примерок од Куранот во Стокхолм

22.01.2023 10:48

Во полициски извештај е наведено дека му било дозволено да одржи протест...

Расмус Палудан, лидер на данската ултрадесничарска партија „Цврст курс“ запали примерок од Куранот пред турската амбасада во Стокхолм. Во полициски извештај е наведено дека му било дозволено да одржи протест.

Турското МНР го осуди чинот кој го нарече „антиисламска провокаторска акција“ и „аларманто ниво на исламофобија“.

Во Истанбул беше одржан контрапротест на кој беше спалено шведското знаме.