ЈКП „Тетово“ во долгови, градот тоне во смет
ЈКП „Тетово“ тоне во долгови, а проблемот со нечистотијата во градот, никако да се реши. Граѓаните бараат почиста средина, од претпријатието смируваат. Велат дека со поделбата на ЈКП „Тетово“ во три правни субјекти, финансиското менаџирање ќе биде попрактично, а со тоа и одржувањето на хигиената поефикасно...

Смет околу контејнерите, по тротоарите и другите јавните површини, запуштени тревници. Комуналните проблеми во Тетово никако да се решат. Граѓаните велат дека еколошката свест е на многу ниско ниво, но и општината недоволно ја одржува хигиената во Тетово.
Низ Тетово ретко може да се видат комунални работници, на кои речиси една деценија им доцнат платите, поради лошата состојба на ЈКП „Тетово“ кое тоне во долгови. Резултатот е нечист град и преполни контејнери.
Од претпријатието велат дека веќе е започнат процес на поделба на ЈКП „Тетово“ во три правни субјекти, кое ќе го подобри стопанисувањето, а со тоа и финансиското менаџирање ќе биде попрактично.
Од ЈКП „Тетово“ ќе се одвојат два правни субјекти, „Водовод и канализација“ и „Комунална хигиена“,а Одделот за православни гробишта, „Паркови и зеленило“ и „Градски пазар“ ќе останат во склоп на старото претпријатие.
Зоран Димовски
