Ракомет

Нека биде дерби

02.05.2014 14:04

Од европско, регионално, големото ривалство на двата македонски

ракометни репрезенти се сведува на домашно ниво. Велат најзначајно. Играа во лигата на шампионите, во Сеха лигата, но натпреварите за домашната титула се нешто друго, значат престиж, дефинитивна потврда кој е подобар и на крајот, а најважно , освоената титула значи и обезбедена идна сезона меѓу елитата.

Вардар и Металург одиграа многу натпревари за паметење во изминатите сезони. Никој , никогаш неможеше да биде сигурен во исходот затоа што решаваше моменталната инспирација, желбата, нијансите,карактерот , психологијата. И едните и другите имаат проблеми со повреди, и клупите им се со различна должина, но и тоа многу често незначело ништо.

Во лигата на шампионите , на исти терен славеа убедливи „гостински“ победи, во Сеха беше тесно, реми и победа на Металург со 1 разлика.

Едногласни се дека првиот меч нема да го реши шампионот. Се ќе се знае во Автокоманда на 8 мај, но и немора да биде така. Меѓу европските четвртфиналисти  решаваат нијанси, па поголема разлика ќе биде тешка за анулирање, без оглед каде се игра.

Не им е лесно, ниту на едните ниту на другите, ја постигнаа европската цел свесни дека се ќе биде залудно ако се киксне сега.

Актерите се подготвени, СЦ Борис Трајковски отворен да ги прими сведоците на нов спектакл, единствен , не само на овие простори.

Во Европа не обединија, но сега армијата љубители на ракометот ќе биде поделена. Се чини никому не му е сеедно па и на неутралните. Сите со свои макар и прикриени желби ,амбиции, страсти.

Нека биде дерби.

17 часот и 30 минути на МРТ1: Вардар-Металург