Пристигнаа холандските туристи

02.05.2014 14:20

Холандските туристи ја најавија годинашната туристичка сезона. Изутрината на охридскиот аеродром пристигна првиот чартер со 189 гости.Субвенциите за странски туристи и подобрениот маркетинг придонесоа за се поголемиот интерес за убавините на Македонија.

Пристигнаа и првите туристи од Холандија во нашата земја. Ова е првиот чартер кој слета на Охридскиот аеродром. Вакви чартери летови сега ќе има два пати недело а во текот на сезоната четири пати неделно.

Пристигнаа  првите 189 туристи од Холандија кои со нетрпение очекуваат да ги видат сите убавини од Македонија. Некои доаѓаат првпат но дел од нив задоволни повторно се враќаат.


- Јас доаѓам по 8 пат во Македонија и сум многу среќна. Кога слета авионот ми потекоа солзи, тука се чувствувам како дома, рече една холаѓанка.

- Јас сум прв пат во Македонија. Ми се допаѓа Вашата култура и фолклор многу,
вели холанѓанката.

- Ние за тука разбравме од туристичките флаери и книги кои ги има кај нас, а за тука ни раскажаа и нашите пријатели кои веќе буле тука, рече холанѓанецот.


Поволностите кои Владата на Република Македонија ги нуди во областа на туризмот вродија со плод. Бројот на туристи е се по голем.

- Најавите се секоја сезона дека ќе биде подобра од онаа минатата. Лани имавме некаде околу 23.000 посетители од земјите на Бенелукс. Она што е најавено за оваа година е најмалку 10 % зголемување на таа цифра ,  рече Насер Хот,  советник во Агенција за развој на туризмот

- Оваа година ќе имаме 4 пати летови неделно во шпицот на сезоната од Холандија и од Белгија. Оваа година интензивно работиме на анимација и забавување на самите гости и реновирање и адаптација на сместувачките капацитети. Новина ова лето чартер линијата Анталија Охрид. Оваа година очекуваме зголемување на бројот на гости некаде од 20-30% во однос на мината година, рече Асим Меѓетовиќ директор на Фибула Травел.

Туристите кои ќе доаѓаат се до 2ри Октомври во нашата земја ќе имаат можност да уживаат не само на струшко-охридската ривиера туку да ја посетат и цела Македонија и да се запознаат со сите нејзини природни убавини и културни знаменитости.

Новинар: Јованчо Наумоски