Денес почнува второто полугодие од учебната година
Со одлука на Владата, зимскиот распуст беше продолжен и почетокот на наставата одложен од 18-ти на 23-ти јануари заради функционалност на училиштата.

За основците и средношколците денеска почнува второто полугодие од учебната 2022/ 2023 година. Со одлука на Владата, зимскиот распуст беше продолжен и почетокот на наставата одложен од 18-ти на 23-ти јануари заради функционалност на училиштата.
Најверојатно учебната година ќе заврши на 14 јуни наместо на 9 јуни (петок) затоа што, како што изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири, учениците треба да ги одработат сите 180 работни наставни денови утврдени со Календарот за воспитно-образовниот процес во училиштата.
Министерот вчера најави дека на почетокот на второто полугодие ќе се испорачаат учебниците по матетматика и општество за второ одделение.
Тој пред почетокот на второто полугодие истакна дека годинава ќе има и дел од учебниците за средно гимназиско образование, а речиси сите учебници за средно стручно образование ќе бидат целосно достапни и во електронска форма.
