МВР

Санкционирани 414 возачи на територија на Македонија

23.01.2023 09:44

Во Македонија 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина, 260 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 154 надвор од населено место...

Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 414 возачи.

Од нив 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа 260 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 154 надвор од населено место. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира  до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта, соопштуваат од МВР.