Кривичен суд

Се очекува нова пресуда за „Титаник 2“

23.01.2023 09:55

Со првата пресуда изречена на 8-ми март 2019-та обвинетите беа осудени на затворски казни, меѓутоа во декември истата година Апелацискиот суд во Скопје ја укина пресудата и го врати случајот на повторно судење.

Денеска на пладне скопскиот Кривичен суд ќе изрече нова пресуда за случајот „Титаник 2“,  во која обвинети се ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, лидерот на ДПА, Мендух Тачи, и уште четворица поранешни членови на ДИК.

Со првата пресуда изречена на 8-ми март 2019-та обвинетите беа осудени на затворски казни, меѓутоа во декември истата година Апелацискиот суд во Скопје ја укина пресудата и го врати случајот на повторно судење.

Сите обвинети се гонат за злоупотреба на службената положба и овластувања, освен Мијалков, кој е обвинет за примање награда за противзаконито влијание. За делото за кое се гони ексдиректорот на УБК настапува апсолутна застареност во април годинава.

Тоа значи дека и во случај тој повторно да биде прогласен за виновен од првостепениот суд, за да ја отслужи казната таа треба да биде правосилна, односно за неа да се изјасни и Апелација доколку странките поднесат жалби.