Украина

Германија ќе дозволи испраќање тенкови „Леопард“

23.01.2023 10:01

Германија нема да ја спречи Полска доколку сака да испрати тенкови „Леопард 2“ во Украина, изјави германската министерка за надворешни Бербок...

Германија нема да ја спречи Полска доколку сака да испрати тенкови „Леопард 2“ во Украина, изјави германската министерка за надворешни Бербок.

Треба да овозможиме спасување човечки животи и ослободување на украинската територија, додаде Бербок. „Леопард 2“ се тенкови од германско производство и во договорот за продажба има клаузула дека, Германија мора да дозволи да ги користи трета земја. Украина со месеци го бара овој модел на тенкови, што се смета за модерен и ефикасен, а досега Полска и Финска изразија намера да испратат тенкови во Украина.

Во меѓувреме, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел ги повика лидерите на земјите членки да продолжат со разговорите за користење на замрзнатите средства на Руската централна банка, во износ од 300 милијарди евра, за обнова на Украина.