Лос Анџелес
Напаѓачот кој усмрти 10 лица, пронајден мртов
23.01.2023 10:09
72-годишниот напаѓач со кинеско потекло, кој застрела 10 лица во танцово студио во Лос Анџелес се самоубил...

72-годишниот напаѓач со кинеско потекло, кој застрела 10 лица во танцово студио во Лос Анџелес се самоубил.
Полицијата го пронајде неговото тело во комбе. Нападот се случи во градот Монтереј парк, 11 километри источно од Лос Анџелес, каде што во тој момент се одвивала прослава на кинеската Нова година.
Полицијата засега не го знае мотивот на нападот, во кој се ранети уште 10 лица, некои од нив се во критична состојба. Жртвите на едно од најсмртоносните пукања во историјата на Калифорнија имаат над 50 години и веројатно се од азиско потекло.
