Концерт

Концерт на Филхармонија со виолинистот Александар Иванов

23.01.2023 10:18

На програмата се „Психофонија“ од македонскиот композитор Ристо Аврамовски со чија изведба ќе се одбележат 80 години од раѓањето на авторот...

Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Лезет“ на кој како солист ќе настапи младиот македонски виолинист Александар Иванов.

На програмата се „Психофонија“ од македонскиот композитор Ристо Аврамовски со чија изведба ќе се одбележат 80 години од раѓањето на авторот, Концертот за виолина и оркестар во Дe-дур, оп. 35 од Ерих Волфганг Корнголд и „Гогољ суита“ од Алфред Шнитке.

Диригент е маестро Борјан Цанев.