Убиство во Кавадарци
Во објект на улица „Индустриска“ во Кавадарци вчера било пронајдено безживотното тело на Снежана Т. од Кавадарци. По извршениот увид од страна на лекар било констатирано дека се забележани траги на насилство поради што телото е испратено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.Како што информираат од полицијата, настанот бил пријавен вчера на пладне, а увид извршиле полициска екипа и јавен обвинител.

Полицијата има осомничено лице кое е приведено во полициската станица во Кавадарци. Осомничениот, живеел во куќа во непосредна близина на местото каде беше откриено безживотното телото на Снежана.