Гоџа и Крихмаер славеа во спуст
Подиумот го комплетираше Германката Кира Вајдле, користејќи ги проблемите со чизмата на водечката во генерален пласман Микаела Шифрин. Американката денеска беше четврта, но е на врвот во генералниот поредок со 449 бода повеќе од највблиската ривалка Петра Влхова.

Во алпското скијање ова се денови за брзината. Италијанката Софија Гоџа ја потврди доминацијата во спуст на домашната патека во Кортина д Ампецо. Трикратната освојувачка на малиот кристал и олимписка вицешампионка од Пекинг, четвртипат сезонава беше победничка во спуст, па води со 208 бодови пред Словенката Илка Штухец, кој денеска на целта стигна втора. Подиумот го комплетираше Германката Кира Вајдле, користејќи ги проблемите со чизмата на водечката во генерален пласман Микаела Шифрин. Американката денеска беше четврта, но е на врвот во генералниот поредок со 449 бода повеќе од највблиската ривалка Петра Влхова.
Скијачите, пак, беа на предизвикувачката и озлогласената патека Штрајф во Кицбил. Александер Омот Килде и Марко Одермат – најдобрите во светскиот куп направија грешки, па иако ја завршија трката, Винсент Крихмаер ги израдува домашните навивачи со третата спуст победа сезонава, осма во оваа дисциплина од вкупно 15 во кариерата. Италијанецот Флоријан Шидер стигна втор и првпат се качи на пиедесталот иако имаше висок стартен број – 43, а трет извозе Швајцарецот Нилс Хинтерман. Триумфот на Крихмаер донесе промена на табелата во спуст, сега Австриецот е втор и го мина Одермат, а неговото заостанување во однос на Килде е 101 бод. Во Светскиот куп Одермат и натаму е безбеден пред Килде, а Крихмаер е четврти затоа што подобар од него е и Кристоферсен.
