Регион

Снежно невреме во Словенија, голем број домаќинства останаа без струја

23.01.2023 11:31

Во Ново Место поради невремето без струја се над 3.000 корисници, а во реонот на Љубљана околу 300 корисници.

Снежно невреме во Словенија. Снегот и силниот ветер предизвикаа проблеми во сообраќајот, а голем број домаќинства останаа без електрична енергија.

Во Ново Место поради невремето без струја се над 3.000 корисници, а во реонот на Љубљана околу 300 корисници.

Поради невремето затворен е дел од крајбрежниот автопат меѓу Кастелец и Кожине кон Љубљана. Метеоролозите најавија интензивирање на врнежите од снег.