Србија
Вучиќ: Mожно e повлекување од функцијата
23.01.2023 11:52
Претседателот на извршниот комитет на Српската напредна партија Глишиќ, најави можност за крај на партијата доколку претседател Вучиќ остане на ставот да поднесе оставка...

Претседателот на извршниот комитет на Српската напредна партија Глишиќ, најави можност за крај на партијата доколку претседател Вучиќ остане на ставот да поднесе оставка.
Медиумите објавија дека на средбата во седиштето на СНС имало несогласувања и повици да се отфрлат преговорите со САД и ЕУ за Косово. Според информациите, Вучиќ реагирал на тие несогласувања и рекол дека ако некој мисли дека може да ја води државата подобро од него, тој е подготвен да им го отстапи тоа на нив, а потоа ја напуштил средбата.
Вучиќ за вечер најави обраќање пред граѓаните.
