Печурките корисни за здравјето
Печурките се богати со селен – хранлива материја којашто има антиоксидантни својства што помагаат при намалување секаков вид воспаление. А, добро делуваат и на работата на цревата, односно на системот за варење.

Печурките се многу корисни за човековото тело, бидејќи дејствуваат делотворно на здравјето поради нивната хранлива вредност.
Печурките се богати со витамин Д, кој е исклучително корисен. Недостатокот на овој витамин е поврзан со замор, нарушено здравје на коските, намалена функција на имунолошкиот систем и зголемена подложност на хронични болести, вклучително и одредени видови рак… Поради нивните лековити својства, печурките се користат во медицината повеќе од 2.000 години. Тие содржат соединенија коишто предизвикуваат имунолошки одговор на повеќе нивоа – слично како „група војници кои водат неколку битки истовремено во седум војни“. Печурките се познати и по својот широк спектар биоактивни состојки, пред сè по бета-глуканите кои го зајакнуваат имунитетот, појаснува нутриционистката Никол Стефанов.
Истражување објавено во стручното списание „Food Science & Nutrition“ покажа дека со редовно консумирање печурки внесувате доволно количество микронутриенти во телото без зголемување на нивото калории, масти и натриум. Печурките се богати со селен – хранлива материја којашто има антиоксидантни својства што помагаат при намалување секаков вид воспаление. А, добро делуваат и на работата на цревата, односно на системот за варење.
Многу студии покажаа дека печурките дејствуваат како пробиотици. Не само што го подобруваат варењето, туку можат да бидат корисни и за луѓето со дијабетес. Имено, печурките имаат способност да менуваат одредени цревни бактерии и на тој начин ослободуваат инсулин од бета-клетката на панкреасот, додаде таа.
Занимливо, луѓето кои јадат печурки имаат и помала веројатност да страдаат од депресија. Истражувачите го припишуваат ова на многуте биоактивни соединенија во печурките, вклучително и витаминот Б-12 и антиоксидансите.
