Тенис – мастерс 1000

Жестока конкуренција во Мадрид!

02.05.2014 15:08

Во серијата од три европски мастерс турнири во тениската сезона,  втор е Мадрид којшто од минатата година е се поитересен поради зачестените изненадувања. Навистина, последните шест сезони, освојувач задолжително беше некој од најдобрите светски тенисери, но лани тогашниот играч број еден Новак Ѓоковиќ беше елиминиран уште во второто коло од Бугаринот Григор Димитров, додека второрангораниот Роџер Федерер во третата рунда загуби од Јапонецот Кеи Нишикори.

Откако по експериментот со сината и лизгава земја во 20112-та, организаторот лани ја врати “црвеницата“, 13-то издание на Мадрид Опен ќе има и дополнителна доза на привлечност поради веројатноста победникот од 2011-та Ѓоковиќ да му го одземе првото место на АТП листата на четирикратниот и актуелен шампион Рафаел Надал. Шпанецот има 12.900 и брани 1000 лански бодови, додека Србинот минатата сезона освои само десет бода и во моментов има вкупно 11.000. Во случај на триумф на Ѓоковиќ на земјата во Мадрид, за враќање на врвот ќе му биде потребен и кикс, односно елиминација на Надал пред четвртфиналето. Колку и да изгледа нереална ваквата варијанта, сепак не е и не остварлива затоа што Рафа не е во форма. Покрај тоа што сезонава се уште нема мастерс титула, Надал почна да губи и на земјени терени кадешто беше неприкосновен, па во Монте Карло и во Барселона беше поразен во четвртфиналето.

Сепак, ниту Ноле нема да дојде максимално подготвен во главниот шпански град затоа што по Монако паузираше поради повреда на зглобот на десната рака. Тоа ги прави реални шансите за трофеј, на двојниот освојувач Швајцарецот Федерер, како и на неговиот сонародник, мастерс шампионот од Монте Карло и лански финалист во Мадрид, Станислас Вавринка.

Конкуренцијата и годинава ќе биде жестока затоа што од Топ 10 тенисерите ќе недостасува само седмиот, Аргентинецот Хаун Мартин Дел Потро кој се уште заздравува по опрецијата на зглабот на левата рака, додека по пауза од еден месец поради повреда, на главната тениска сцена ќе се врати Британецот Енди Мареј. И ланските изненедувања ќе имаат позиции на носители, па Нишикори ќе биде 10-ти, а Димитров 12-ти.

Како и сите мастерси од серијата 1000 и овој во Мадрид ексклузивно ќе биде емитуван на Македонската телевизија и тоа  на собранискиот сервис. Од понеделник до петок почетокот на преносите ќе биде во 20 часот, термините за саботните полуфинални дуели се 15.30 и 19.00, додека финалето ќе се одигра в недела на 19 мај во 19 часот и 15 минути.