Тетово

Загадена вода во тетовските општини

23.01.2023 13:39

Над 70 % од водата во тетовските рурални општини е микробиолошки загадена, покажаа последните анализи на Центарот за јавно здравје Тетово. Загаденоста е резултат на незаштитените селски водоводни системи, кои не се дезинфицираат редовно. Голем број од општините не склучуваат ниту договор за редовна контрола и дезинфекција на водата...

Вода со ешерихија коли и колимфорни бактерии пијат поголем број од жителите на руралните општини од Тетовско. Селските водоводните системи не се одржуваат и немаат никаква заштита, а голем број од нив наместо Јавните комунални претпријатија ги нестручно ги раководат месните заедници.

Проблемот со микробиолошки загадена вода во руралните тетовски општини трае подолго време. Дел од жителите, велат дека купуваат флаширана вода, но повеќе ја користат водата од чешма, но најчесто ја превриваат. За чиста и безбедна вода, мора да има постојан мониторинг и редовна дезинфкеција, што не е случај, оти голем дел од општините немаат склучено договор за за мониторинг на водата со центарот за јавно здравје.

Општина Тетово нема склучено договор за редовен мониторинг со Центарот за јавно здравје чиј водоводен систем постојано се соочува со големи дефекти, што резултира со загадување на водата за пиење.

 

Зоран Димовски